Француската филмска ѕвезда Жерар Депардје ќе остане во Белгија и покрај тоа што Уставниот суд го отфрли воведувањето данок од 75 отсто за богатите.
Депардје за дневниот весник “Parizijen”, изјави дека одлуката на Уставниот суд за отфрлање на данокот “не менува ништо.”
Уставниот суд соопшти дека новиот данок “не признава еднаквост пред јавниот товар”, бидејќи, за разлика од другите форми на данок на доход, се однесува на поединци, а не на домаќинствата. Судот исто така ги отфрли и новите методи за пресметка на данокот.
Депардје предизвика бројни реакции откако најави дека се откажува од француското државјанство и дека купува куќа во соседна Белгија.