Спалната соба е место за опуштање и одмор, па затоа изборот на боите во неа се од особено значење, бидејќи тие може дирекно да влијаат на расположението.
Спалните соби претставуваат мало засолниште и место за опуштање и одмор од постојаните нервози и дневни обврски, па затоа изборот на боите во нив треба да Ви донесе радост и да ја „разбие“ монотонијата.
Токму затоа при декорирањето и уредувањето на спалната соба од особена важност е изборот на боите на ѕидовите и мебелот.
1. Бела
Белата важи за боја на чистотата и убавината. Изборот на белата боја за ѕидовите е особено практичен, бидејќи таа може да се комбинира со која било друга боја.
Белата боја е одличен избор за љубителите на минимализмот или на романтичниот стил и создава мирно и релаксирачко чувство. Најпожелно е белата да се комбинира со топли бои, бидејќи според експертите, таа комбинација најмногу им одговара на очите и создава чувство на мир и релаксација.
За љубителите на модерниот дизајн, одлична би била комбинацијата на белата и црната боја.
2. Жолта
Љубителите на жолтата боја важат за перфекционисти и големи фантазери, но и за интелегенти и харизматични личности. Жолтата боја ја претвора спалната соба во совршенео место за опуштање, размислување и фантазирање.
Жолтата е и боја на моќта, бидејќи се поистоветува со златната и тенденциите кон успех. Различните нијанси на жолта боја би можеле да бидат одлично решение за спаните соби со мало количество на дневна светлина.
3. Црвена, виолетова и портокалова
Љубителите на весели бои важат за друштвени и храбри личности, кои сакаат авантури, патувања и дружење со други лица.
Спалните соби во портокалова боја се осоебно популарни во последно време, бидејќи таа оддава чувство на топлина и добро располжение и е карактеристична за современиот дизјан.
При изборот на црвената, виолетовата и портокаловата за спалната соба, мора да се води сметка за прилагодување на мебелот на бојата на ѕидовите, а не обратно, бидејќи само на тој начин целата композиција ќе дојде до израз.
4. Зелена
Љубителите на целосен мир ја претпочитаат зелената боја за своите спални соби. По својата популарноста при декорирањето на спалните соби, зелената е речиси изедначена со белата, па затоа дизјнерите изработија цела лепеза на нијанси на оваа боја, прилагодени за сечиј вкус.
Понудата на голем број нијанси на зелената, овозможува и избор на соодветен мебел со оваа боја, која може да се вклопи во опкружувањето.
5. Сина
Сите нијанси на сината боја би биле изборот за спална соба на лицата кои тежнеат кон хармонија.
Сините ѕидови можат да бидат во различни тонови, со што создаваат чувство на чистота и добра организација.
6. Црна
Изборот на црната боја за спалната соба укажува на лица кои сакаат да бидат танствени, но и секси, но и дека им се важни моќта и престижот.
Доминантната црна боја во спалната соба остава впечаток на внимателно испланиран просотр, во кој до израз доаѓаат деталите.
7. Сива
Сивата боја е најприфатлива за љубителите на минималистичкиот стил и современта технологија.
Сивата боја одвава впечаток на едноставност и ја претвора спалната соба во совршено место за „полнење на батериите“, поради што таа е многу популарна во современиот дизјан.