Холивуд е политички поделен како и САД

Од:

Њујорк тајмс – Њујорк

Американската холивудска филмска продукција, што со децении беше наменета за сите општествени слоеви, од оваа сезона, што започна во септември и ќе трае до февруари 2018 година (кога ќе се одржи доделувањето на Оскарите), јасно се подели политички, како и целото американско општество.

Политичките разлики, кои ги донесоа последните избори во Белата куќа, каде влезе американскиот претседател Доналд Трамп, не можеа да не се одразат и на филмската уметсност, што претставува забава за целиот народ, тврдат водечките американски експерти, кои се учесници во тркалезната маса, што е организирана од страна на најмоќниот дневен весник „Њујорк тајмс“.

Филмовите кои се занимаваа со чувствителни политички теми, не се веќе ретки, нути пак се резултат на независни продукции, за кои се слуша само на фестивалите како што се „Санденс“ или „Трајбек“, туку сега ги освоија и големи студија кои се трудеа да снимаат помалку или повеќе ескепистички и забавни филмови наменети за најпрофитабилниот период од годината, односно од септември до крајот на февруари.

Студијата, сепак подготвија неколку „блокбастери“ како што се филмот за суперхеројот Тор на „Марвел“ и новото продолжение на серијата „Војна на ѕвездите“ што сега слави 25 години, откако го започна Џорџ Лукас.

Меѓутоа, со такви дела се заработуваат пари, а кога станува збор за Оскарите и настапите на САД на домашни и странски филмски фестивали се смета на филмови кои се или блиски на екстремната десница или поддржуваат некои демократски вредности, но во суштина се политички обоени.

Темите како што се расната или националната нетрпеливост беа воглавно маргинизирани или отворено осудувани, а сега повторно се актуелни како во времето на Макартизмот.

Сега има место и за Кју Клук Кланот, најекстремната антицрнечка организација, дури и за филмот.

Во многу филмови се провлекува порака за супремација на белците, што со децении се избегнуваше со цел да не се повредат чувствата на афро-американците.

Еден од либералните режисери како што е Кетрин Бигелоу, која освои Оскар со филмот за фаќањето на Бил Ладен, во нејзиниот нов филм „Детроит“, дава критичка слика за расизмот, но тоа кај неа е поединечна, а не масовна појава што не ги задоволува правата ниту на либералите, ниту на загрижените расисти.

Либералната Софија Копола, која во новиот филм „Д Бигејлд“, на темата за американската војна меѓу Северот и Југот, многу внимателно избегна да се изјасни за позицијата на црнците во тој период.

Додека јасно определените десничари слободно ги изнесуваат своите екстремно конзервативни ставови, демократите само понекогаш се занимаваат со политички теми во кои проблемите ги решава некој храбат поединец, а не демократското општество.

Сепак, за да и се понуди на публиката можност на големите екрани да ги види стравовите од војните, геноцидот и неправедната дискриминација на жените, либерално настроените автори снимаат документарни филмови нудејќи приказни од вистинскиот живот, избегнувајќи ги коментарите, и поради тоа денес од кога било има повеќе документарни филмови, каде со конкретни случувања се покажуваат негативните појави на современото општество.

Таквите филмови не се комерцијални, бидејќи за оние за кои се наменети се борат за егзистенција и не стигнуват до кината, а младите, пред се студентите, исто така се се побројни десничари отколку либерали, така што авторите мора да обезбедат средства за снимање преку владини и невладини организации бидејќи од продажбата на влезници не би можеле да ги покријат трошоците за снимањето и постпродукцијата.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска