Претставник на романската автомобилска компанија Дачија, којашто е дел француската група Рено, соопшти дека во блиска иднина тие ќе претстават електричен модел со „шокирачки достапна цена”.
– Ќе останеме шокирачки достапни. Нема да ја менуваме стратегијата на брендот. Ќе ја користиме силата на групата кон која припаѓаме, како и постојната технологија, така што таа да прилега на Дачија, изјави извршниот директор за Европа, Жан-Кристоф Куглер .
Точната цена засега не се соопштува, но се претпоставува дека ќе биде пониска од 15.000 евра. Се очекува првиот електричен модел на Дачија да пристигне по 2020 година.