Швајцарските власти замрзнаа 300 милиони долари на сметки во банката Креди Свис (Credit Suisse) кои припаѓаат на синовите на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, објави денеска веникот Матен диманш.
Замрзнатите средства се на Али и Гамал Мубарак кои сега се во египетски затвор под обвинение дека како синови на претседателот се здобиле незаконски со вили, луксузни автомобили и удели во клучни компании во државата.
Според весникот, парите се на сметки во швајцарска банка уплатени во 2005 година. Весникот тврди дека замрзнати средства на египетски државјани има и во швајцарската филијала на француската банка BNP Paribas.