Соседите на лажниот новинар на “Нетпрес” од Крива Паланка заложници на неговото дрско однесување

Од:

До редакцијата на А1он, пристигнаа безброј поплаки од станарите на зградата, односно соседите на како што велат, оној истиот кој лажно се претставуваше како новинар на “Нетпрес”.

Истиот тој, вработен лично од градоначалникот на Крива Паланка во општината, својата дрскост и безаобразлук ги искажува со тоа што веке три дена не сака да го тргне својот автомобил, паркиран пред влезната врата на станбената зграда на улица “Јане Сандански” со што го попречува влезот и излезот на станарите кои исто така се оневозможени до своите станови да си однесат дрва за огрев и слични намирници, се жалат граѓаните.

На молба од станарите да го тргне возилото од пред влезот, истиот се однесувал дрско и безобразно, со зборовите, мене ништо не ми можете, јас сум власт овде, мене ме штити градоначалникот и партијата.

Станарите на зградата биле принудени за овој случај да побараат помош од МВР, но како што велат се било залудно.

Чести се неговите испади и дивеења во станбената зграда во која живее и со таквото негово однесување го нарушува спокојството на станарите, се жалат соседите.

Истите кои ги контактираше А1он велат, заради овој насилник, инаку издржувач на казна затвор за повеке дела, веке никогаш повеке нема да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а особено не за овој градоначалник под чија заштита и команда е истиот.

Овие фотографии ни ги испратија револтираните граѓани.

Би можело да ве интересира

Драган Мијалковски ќе настапи на Свечена академија во Крива Паланка по повод 24 Мај

Откриен убиецот на дедото од Крива Паланка: уапсен 27-годишник, поднесена и пријава

Има доволно вода за пиење во Крива Паланка

Наум Локоски

Санација на градскиот базен во Крива Паланка

Ана Ололовска

Во Крива Паланка се одржа манифестација „Среќна баба Марта“

Наум Локоски