Ашталкоски: Преку гласот за СДСМ да го вратиме животот во Струга

Од:

Кандидатот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за градоначалник на Струга Васил Ашталкоски синоќа најави дека со неговиот избор за иден предводник на локалната самоуправа се враќа животот во Струга, градот кој, како што забележа, бил целосно заборавен изминатите 11 години.

– Потребна ни е вашата поддршка за да ги направиме промените и да зачекориме по нов пат. Пат каде честа, одговорноста, посветеноста и отвореноста ќе бидат основни вредности во работата на општина Струга…Најголема одговорност имаме кон нашите деца. Нив им должиме и нови градинки, нови училишта и спортски објекти. Но должни сме да ја вратиме чистата животна средина и снабдувањето со чиста вода, истакна тој на конвенцијата на СДСМ на кој беа претставени и кандидатите за советници на Коалицијата „Живот во Македонија“ за новиот состав на советот на општината.

Николина Велкоска Глигороска, носител на листата пред присутните вети дека советниците од редовите на СДСМ и коалицијата ќе се залагаат за подобро и поинакво од досегашното утре, со приоритет врз потребите, интересите и заложбите на секој граѓанин на општина Струга.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски