Кирацовски: Груевски најави борба против криминалот и корупцијата, значи ли тоа дека ќе се бори против себе?

Од:

СДСМ и колицијата и на овие избори ќе бидат победници, а во Дебар ќе се повтори победата што ја имаше партијата на парламентарните избори, порача генералниот секретар на СДСМ Аледсандар Кирацовски на предизборниот митинг што денеска се одржа во Дебар, нагласувајќи дека партијата има бројни проекти во сите 80 општини, како и во градот Скопје.

Тој истакна дека во Дебар ќе се реализираат проекти во сферата на инфраструктурата, како во градот, така и во сите селски населби.

– Груевски на митинзите на својата партија вели дека ќе се борел против криминалот и корпупцијата, значи ли тоа дека тој ќе се бори против себе, праша Кирацоивски и додаде дека времето на Груевски е минато.

Заврши, нагласи, времето на политички притисоци, поткупувања и малверзации што владееше со режимот на Груевски.

– На овие избори во општина Дебар СДСМ има своја листа за советници, а за градоначалник ќе ја поддржи кандидатурата на Ружди Лата од ДУИ, рече Кирацоски.

Носителот на кандидатската листа за советници од СДСМ во општина Дебар Азем Фејзоски истакна дека во СДСМ има Македонци, Албанци, Турци, Роми и други, а тоа,потенцира, значи дека е партија на сите.

Тој најави проекти во сферата на инфаструктурата како во Дебар, така и во селските населби Могорче, Долно и Горно Косоврасти, Џепиште и Отишани.

Митинзи на СДСМ на кој говореше Кирацовски се одржаа и во Центар Жупа и Маврово и Ростуше. Во Ростуше промовиран е кандидатот на СДСМ Медат Куртовски, а во Центар Жупа кандидатот на Партијата за движење на Турците која е во Колиција со СДСМ Неваип Исмаил.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда