(ВИДЕО) Манчевски: Силни заштитни механизми од нелегално прислушување

Од:

Владата ќе воведе силни заштитни механизми за да се спречи нелегално прислушување, порачал министерот за информатичко општество и адмнистрација Дамјан Манчевски денеска на промоција на студијата „Кон граѓанскиот паноптикон Подобра рамнотежа меѓу заштитата на приватноста и потребата од следење на комуникациите“.

Министерот Манчевски, стои во соопштението од МИОА, се осврна на проблемот со масовното прислушувањето спроведено од претходната власт и на заложбите на новата Влада, никогаш повеќе да не се повтори нарушување на приватноста на граѓаните на Република Македонија.

– Владата е свесна за огромната важност на соодветното нормирање на прашањата поврзани со следењето на комуникациите. Впрочем нема кој повеќе да биде, со оглед на тоа што ние бевме и главна цел на прислушувањето. И затоа, ми преставува особено задоволство што и граѓанските организации вложуваат значителни напори за надминување на предизвиците и отворените прашања поврзани со следењето на комуникациите, истакнал министерот Манчевски.

Новата Влада, дополнил, има особен интерес за соодветно решавање на ова прашање. Тоа го демонстрираме со фактот дека во четири различни приоритети од Планот 3-6-9 – собрание, судски реформи, реформа на разузнавачките и безбедносните служби и борба против организираниот криминал и корупција се вклучени мерки кои го адресираат следењето на комуникациите, навел министерот.

Пренесувајќи ги заложбите за воведување силни заштитни механизми кои ќе спречат нелегално прислушување Манчевски најавил дека мерките во таа насока ќе бидат имплементирани како итен приоритет.

– Техничките способности за пресретнување на комуникациите ќе бидат под силна независна контрола, вклучително и судска контрола, истакнал министерот Манчевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните