Поповска: Изјавата за настаните во Собранието извадена од контекст

Од:

Пратеничката и лидер на ДОМ Лилјана Поповска денеска на прес-конференција рече дека нејзината изјава во врска со немилите настани во Собранието била злоупотребена и извадена од контекст.

– Во мојата изјава повикав на разум, одговорност и почитување на институциите зашто Македонија е наш заеднички дом и треба да го зачуваме, напомена Поповска.

Таа побара, кога некој ја прозива, да објасни со кој дел од она што го кажала или со кој збор не се согласува наместо, како што рече, тоа да го употребува за да фрла прашина в очи со цел да се дефокусира дебатата од суштинските прашања.

– Во зовриената политичка ситуација имавме и насилство и повик за уривање на државата. Јас се борам и ќе се борам со двете, како досега. Секогаш сум се водела од принципите за општо добро, правичност и интерес на Македонија, посочи Поповска.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски