Јужна Кореја очекува дека Пјонгјанг ќе преземе провокативни акции во втората недела од октомври, кога се одбележува годишнината од формирањето на севернокорејската Комунистичка партија.
Јужнокорејскиот советник за национална безбедност Чунг еј-џонг посочи дека се очекуваат провокации од Северна Кореја во периодот од 10 до 18 октомври.
– Претседателот (Мун Џае-ин) изјави дека САД зборуваат за воени и дипломатски опции, но Јужна Кореја не може да поминува низ војна повторно, посочи Чунг.
Сеул, исто така стравува дека воениот конфликт би можел да биде предизвикан од случајни инциденти.