Легализација на фарми, оранжерии и трла

Од:

На собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, помина првото читање на предлог измената на законот за земјоделско земјиште, со што објектите изградени на земјоделско земјиште ќе можат да се легализираат за едно евро од квадрат.

Со овие измени на законот се овозможува да се легализираат бесправно изградените објекти на земјоделско земјиште со што тие ќе добијат правен статус и ќе можат да се користат за давање под хипотека или да може да конкурираат за средствата од Ипард програмата.

„На теренот има голем процент на вакви објекти, најмногу оранжерии, фарми, помошни објекти и објекти за примарна обработка на земјоделски производи и затоа ние со овие измени, им излегуваме во пресрет на барањата на земјоделските производители,“ рече заменик министерот Зоран Коњановски.

Најголемиот проблем при аплицирање за европските пари беше токму немањето на имотен лист за земјоделските објекти и ова со години го посочуваа земјоделците како голем проблем.

„Ова е добра измена на законот и одамна барана од страна на земјоделците. Повеќе од деведесет насто од земјоделците, со години укажуваа дека неможат да аплицираат за Ипард програмата поради што досега веќе изгубија 40 милиони евра колку што е фондот Ипард за 2007-2013 година, од овие пари имаме искористено само 4 милиони евра. Зошто дури сега се носи оваа измена, зошто ги изгубивме овие европски пари, праша Ленче Николовска, претседател на Комиисјата за земјоделство.

Пратеникот Панче Орцев од СДСМ кажа дека неговата пратеничка група ќе ги подржи овие измени на закон но реагираше на доцнењето на измените од една цела година откако е донесен законот за легализирање на бесправно изградени објекти на градежно земјиште.

-Дали сето ова беше смислено за да може власта да додели прво земја под концесија на свои луѓе кои потоа имаат изградено објекти и сега согласно овие измени ќе бидат легализирани за едно евро од квадрат. Имаме право да се сомневаме во ваквите намери на Владата бидејќи искуството ни кажува дека ништо оваа Влада не носи без да има некаква корист за сопствените партиски војници-изјави Орцев.

Пратениците од власта едногласни дека со овие измени се решава еден голем проблем на земјоделските производители и дека ќе придонесе за поголем развој на македонскиот аграр.

Комисијата за земјоделство, шумартсво и водостопанство оцени дека предлог законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници