По Нова година лимитирање на издадените рецепти за седативи и антибиотици

Од:

Матичните лекари по Нова година ќе го ограничат бројот на издадени рецепти за седативи и антибиотици. Според претседателот на Здружението на приватни лекари-Штип Златко Стојменов, лимитирањето на препишување седативи и антибиотици е согласно одлуката на Фондот за здравствено осигурување што стапува во сила на 1 јануари.

– Лимитот за препишување на овие лекови е ограничен на околу 150 денари по пациент, спрема глобарината што ја имаат пациентите. Апелиераме до сите пациенти кои без потреба или самоиницијативно ќе земат антибиотик или лек за смирување од аптеката, а потоа ќе отидат кај матичниот лекар за да го препишат, нема да добијат рецепт, бидејќи таа пракса мора да престане, рече Стојменов.

Тој забележа дека на овој начин пациентите нема да создаваат големи залихи на антибиотици и на седативи во своите домови и воедно ќе ја напуштат праксата за несоодветно користење на лековите.

– Антибиотиците, нивната злоупотреба ги прави неефикасни создавајќи неотпорност на бактериите ако се применуваат несоодветно, во несоодветни услови, дози и несоодветно време. Се намалува можноста за борба против бактериите. Тие стануваат се поотпорни на антибиотиците во денешно време и оние кои биле во западно европските земји знаат дека доаѓањето до антибиотикот е нешто што базира на стручно согледување, вели Стојменов.

Новата одлука на Фондот ќе ги натера пациентите да имаат поголема здравствена култура, оние со здравствени проблеми да се јавуваат кај матичниот лекар за стручно мислење и препишување соодветна терпија за болеста што им е дијагностицирана.

Би можело да ве интересира

На почетокот на идната година ново проширување на позитивната листа лекови, најави Таравари

Tаравари: Деветте нови лекови на позитивната листа во аптеките ќе можат бесплатно да се земаат од 16 септември

Клековски: Од 16 септември функционална новата позитивна листа на лекови

Горан Наумовски

Мицкоски: Со новото проширувањето на позитивната листа на лекови ќе бидат заштедени милиони евра пари на граѓаните

Позитивната листата на лекови е дополнета благодарение на СДСМ, велат од партијата

Девет нови лекови на позитивната листа

Горан Наумовски