Поповска: Државата има капацитет да се справи со кризата, вистината ќе излезе на виделина

Од:

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска смета дека нејзината изјава во врска со немилите настани во Собранието во одредени медиуми била злоупотребена и извадена од контекст.

 Во мојата изјава јас повикав на разум, одговорност и почитување на институциите, зашто Македонија е наш заеднички дом, кој треба да го зачуваме. Изразив жалење првин за присилните мерки кон новинарите и пратениците, па за нападот кон Претседателот на Собранието и за задните намери на организаторите на протестите. Ние сме пратеници избрани да ги штитиме граѓаните и уставниот поредок, затоа во никој случај не можам да оправдам насилно рушење на институциите. Затоа го кажав и ова: Никој нема право да ја урива државата, ни маж, ни жена, рече Попоска на денешната прес-конференција.

Таа додаде дека кога некој ја прозива треба да објасни со кој дел од нејзината изјава и со кој збор не се согласува.

– И нека не ме употребува за да фрла прашина в очи, со цел да се дефокусира дебатата од суштинските прашања! Во зовриената политичка ситуација имавме ем насилство, ем обид за уривање на државата. Јас се борам и ќе се борам против двете, како и досега! Секогаш сум се водела од принципите за општо добро, правичност и интерес на Македонија, истакна Попоска.

Таа изрази жалење, како што рече, за сите добри луѓе во земјава кои се во овие моменти злоупотребени и изманипулирани на разни начини.

– Вистината ќе измие се. Вистината мора да се каже, независно дали некому му се допаѓа, и независно од цената што за тоа треба да се плати! Сигурна сум дека се ќе излезе на виделина и ќе се разјасни, за да не ни се повтори никогаш веќе, рече Поповска.

Таа  додаде дека верува во македонското општество, бидејќи, како што истакна, тоа имало капацитет да се справи со воен конфликт и со многу други предизвици, и, како што рече, ќе има капацитет да се справи и со сегашнава политичка криза.

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски