Во земјава во текот на 2015 година се платени даноци поврзани со животната средина во износ од 10.527.4 милиони денари, при што 16,4 проценти повеќе отколку во претходната година.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика најголемо учество имаат даноците за енергенти со 64,6 проценти, по што следат даноците за транспорт со 34,5 проценти и даноците за загадување и даноците за природни ресурси поврзани со искористување природни ресурси (вода, шуми, дива флора и фауна) со 0,9 проценти.
Во 2015 година даноците составувале околу 1,9 отсто од бруто-домашниот производ, што е за 0,2 процентни поени повеќе отколку во 2014 година.