Свечено доделување на наградите од летното финално коло од јубилејната наградна игра „70 години Макпетрол“

Од:

По повод 70-годишнината на Макпетрол АД и прославувањето на 70 години соработка со потрошувачите, компанијата креираше голема наградна игра која започна на 1 март и ќе трае до 15 декември.

Денеска во продажно-сервисниот салон на Хонда беа доделени наградите од летното финално коло од јубилејната наградна игра „70 години Мапетрол“.

На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.

„Бројот на членовите на Верна програмата за лојалност и посетеноста на нашите продажни објекти, се доказ за квалитетот на нашите производи и доказ за довербата на корисниците кон нашата компанијата. Затоа Макпетрол, лидер во областа на енергетиката на македонскиот пазар, секогаш води особена грижа за своите потрошувачи.

Бројните награди, признанија и благодарници од нашите деловни партнери се само мало парче од мозаикот за успешност во оваа бизнис приказна која со генерации се раскажува и чувствува веќе 70 години.

Идејата за програмата Верна не е случајна, таа е показател дека секогаш се трудиме да ги увериме нашите потрошувачи во објективниот квалитет на нашите произвиди и услуги.

Наградната игра започна на 1 март, а досега имавме 5 извлекувања преку кои ги израдувавме нашите потрошувачи со Honda Jazz, чамец со мотор Honda, скутери и веспа Honda, Dell лаптопи, викенди за двајца во нашиот хотел во Струга, ваучери за Кристал Кар, гуми, Лубекс моторни масла, како и наградни Верна поени“, изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

„Горди сме дека имаме над 120.000 членови во ВЕРНА програмата. Оваа бројка секојдневно се зголемува и ни дава поттик уште повеќе да Ви посветиме внимание.

Наш секојдневен предизвик е постојаното усовршување и зголемување на нашата палета производи и услуги и секако, грижата кон нашите потрошувачи“, додаде Тасевски.

Сите корисници на ВЕРНА картичките за лојалност се потенцијални учесници во наградната игра. Во наградната игра учествуваат сите трансакции на учесниците кои при секое поединечно плаќање ќе впишат најмалку 10 или повеќе бодови на својата ВЕРНА картичка. Наградната игра се спроведува по принципот една квалификувана трансакција = една шанса за извлекување. Оние кои досега не успеале да извадат картичка од Верна програмата тоа може тоа да го сторат уште денеска. Се што треба да направат е да пополнат пристапница на една од нашите бензински станици. – потенцираа од Макпетрол АД

„Оваа година е јубилејна година за Макпетрол, година во која една од најголемите македонски компании одбележува 70 години успешно постоење. Тоа се 70 години среќни моменти, но и напорно работење, исполнување на зацртаните цели, имплементирање на новитети, секојдневни предизвици и најважно од се, задоволни потрошувачи.

Потребно е да се постават здрави темели кои се предуслов за понатамошен успех и развој. Ние тоа го направивме. Низ историјата успесите на Макпетрол секогаш биле базирани на цврсти вредности: одговорност, чесност, доверба, интегритет, квалитет и задоволни потрошувачи. Всушност, во изминатите 70 години од основањето на компанијата овие вредности беа наш двигател кој ни го покажуваше патот по кој што треба да се движиме.

Несебично е да се пофалиме дека ги имаме највисоките европски стандарди во областа на малопродажба на нафта и нафтени деривати во регионот. Токму ние 70 години сме лидери на пазарот, за што говори стекнатата доверба од страна на нашите потрошувачи. Секогаш се трудиме да ги задоволиме потребите на нашите потрошувачи преку низа активности. Една од нив е секако и нашата наградна игра 70 години Макпетрол, преку која изразуваме благодарност до сите вас кои сте дел од нашето семејство“, изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

„Макпетрол отсекогаш чувствувал одговорност кон општеството. Нашата најголема обврска е секогаш да бидеме посветени на нашите потрошувачи градејќи ја заедничката иднина преку грижа за нив.

Наспроти сите објективни и субјективни предизвици, компанијата и оваа година успева да создаде позитивни финансиски резултати во своето работење, вложувајќи вонредни напори во секојдневните активности. Програмата за лојалност Верна токму тоа го докажува.

Интересот за наградната игра Верна не мотивира да работиме уште повеќе на зајакнување на довербата на нашите потрошувачи“, додаде Георгиевски.

На настанот се доделија лаптопи Dell на среќните добитници Драган Иванов и Хаќим Исмаили, скутер Honda кој го доби Сашко Џалевски, а дома со исклучетелната Honda CRV си замина Антонио Кржовски.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана