(ВИДЕО) Георгиоски: СДС ги потценува прилепчани

Од:

„СДС ги потценува прилепчани.

Кандидатот на СДС за Прилеп Илија Јовановски иако бил советник во Советот на општина Прилеп, нема основни познавања за функционирењето на локалната смоуправа. Но, затоа има познавање како да го полни сопствениот џеб.

Јованоски во својата програма која најверојатно е изготвена набрзина, колку да се рече дека има програма, како и на претходните избори се води по теркот ќе ветуваме се’ без разлика дали има или нема логика. Но Г-дине Јованоски, прилепчани нема повторно да ги прелажете.

На местото на старата општина ќе сте градeлe бизнис центар, а не знаете дека основната намена на земјиштето е колективно домување.

Давате ветување за гасификацијата, па уште потенцирате дека гасот ќе го увезувате со цистерни од најблиската држава. Дали воопшто имате направено студија, финансиски план, анализа дали ова ваше авантуристичко ветување е исплатливо или не?

Само да ве потсетиме! Процесот за гасификација на Прилеп го отпочна владата на ВМРО-ДПМНЕ, при што со изградбата на трасата Неготино-Прилеп-Битола во вредност од 37 милиони евра, Прилеп ќе беше гасифициран до крајот на следната година. Гасот со цистерни кој го ветува Јвановски значи дека ќе плааат прилепчани поскапо од струја.

Илија Јованоски во еден мандат ќе изградел и кино и театар, оти Прилеп немал. Жално за човек кој претендира да е градоначалник да не знае со кои објекти располага градот. Прилеп има ново кино во кое има и 3D проекции, а во градот функционира и најдобриот театар во Македонија.

Ќе ве надополниме и тука. Прилеп требаше да добие нов театар, чија изградба ќе започнеше оваа година, но владинито мнозинство во парламентот преку ребалансот на буџетот го отфрли и немаше слух за буџетските амандмани од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Илија Јованоски ја критикува општина Прилеп оти само последната година одделила средства во висина од 3.000.000 денари за ФК Победа! Според него општината направила грешка и сумата требало да биде многу помала. Една порака:”Спортските клубови во градот и понатаму ќе ја имаат поддршката од Локалната самоуправа на чело со Марјан Ристески.

Ваковиот несериозен човек нема да помине кај граѓаните. Прилеп е град кој заслужува најдобро. Марјан Ристески докажа дека има визија за европски Прилеп. Со поддршката за него и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ општината ќе продолжи да се движи кон позитивен економски развој“, изјави Александар Георгиоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат