Тарчуловски ветува инфраструктурни проекти за да добие мандат во Кисела Вода

Од:

Преку намалување на административните општински процедури и воведување на регистар за компании, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за Кисела Вода, Јохан Тарчуловски денеска повторно ја побара довербата на граѓаните.

„Како иден градоначалник на општина Кисела Вода максимално ќе се заложам за подобрување на условите за водење бизнис и подобар економски стандард на жителите. Ќе донесеме Детален урбанистички план за делот кај Стаклара и Охис. Во соработка со Град Скопје ќе ja завршиме четвртата фаза од најфрекфентниот Булевар „Борис Трајковски“ и тоа од потегот Пинтија до Маркова Река. Ќе ја подобриме инфраструктурата во индустриските зони, со што Општина Кисела Вода, ќе стане поатрактивна како за домашните така и за странските инвеститори“, рече Тарчуловски, претставувајќи ги проектите од неговата програма.

Доколку Тарчуловски ја добие довербата на граѓаните од Кисела Вода, тој вети и организирање на бесплатни обуки и курсеви за жителите, посредување при вработување во компаниите кои гравитираат на територијата, а ќе отвори и деловно-технолошки инкубатор, кој ќе има цел да обезбеди помош на невработени млади лица до 29 години кои имаат иновативни проекти.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски