ВИДЕО: Тајга – ново руско оружје во „технолошката студена војна“

Од:

Руската безбедносна компанија „Инфовач Груп“ го претстави својот паметен телефон отпорен на апликации, што собираат податоци за корисникот.

Пред нешто повеќе од две седмици, американските власти го забранија софтверот на московската компанија „Касперски Лаб“, чија некогашна директорка Наталија Касперски, сега е на чело на „Инфовач Груп“.

Смарт телефонот наречен „Тајга” блокира апликации што ги следат активностите на корисникот, посебно оние кои се однесуваат на деловната комуникација, докуманти, фотографии, а исто така спречува и апликации кои собират општи информации за користењето на направата.

Тоа значи дека апликациите познати по прибирање податоци, каква што е Џимаил, кој скенира текстови од електронската пошта, и натаму можат да се користат на телефонот, со тоа што ќе бидат оневозможени да собираат и испраќаат податоци за користењето на телефонот и на останатите апликации.

Иако „Тајга” го користи Андроид оперативниот систем, тој е малку изменет во однос на стандардната верзија, за да биде во согласност со софтверот на уредот. Првите 50.000 телефони се веќе доставени на вработените во компанииите, чиј косопственик е државата. Телефонот се уште не е пуштен во слободна продажба.

Ова е последен пример за растечкиот „технолошки судир“, што некои го нарекуваат и „технолошката студена војна“ меѓу САД и Русија.

Минатиот ноември, Кремљ го поддржа планот – целиот софтвер на американски Мајкрософт во руските државни служби, да се замени со руски еквиваленти.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска