Франција по богатство во 2013 година ќе се најде зад Велика Британија, според податоци на Центарот за економски и пазарни истражувања кои секоја година објавуваат ранг-листа на држави во светот по висина на БДП.
Со проекција на БДП од 2540 милијарди долари, Франција ќе „падне“ едно место на економската сцена во 2013 година и ќе биде на 6-то место зад Велика Британија, за која предвидувањата се БДП од 2578 милијарди долари, објави Фигаро.
Според веникот, тоа се случува за првпат.
Во најновата калсификација потврдена е позицијата на три држави – САД, Кина и Јапонија – кои се најбогати и ќе бидат најбогати во следната деценија. Франција до 2022 година ќе падне на 9-то место. На четврто место е Германија – 3.345 милијарди долари и ќе загуби две места до 2022 година.