ВИДЕО: Трајановски вети нова улица од 1 милион евра за намалување на сообраќајниот метеж

Од:

Третиот ден од изборната кампања, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за град Скопје, Коце Трајановски го искористи за промоција на нов сообраќаен проект од неговата програма.

-Сакаме да ја промовираме новата улица „Есенинова“ која ќе биде ново поврзување на општина Аеродром со општина Кисела Вода. Поврзувањето ќе биде во делот на новата Железничка станица, односно во делот на „Трета македонска бригада“, помеѓу Тутунски комбинат и насипот на новата железничка пруга, а потоа ќе излегува на булеварот „Борис Трајковски“, вели Трајановски.

Проектот за кој говореше Трајановски ќе чини 1 милион евра, а проектот ќе биде готов во 2019 година. Целта е да се намали сообраќајниот метеж, кој што се создава пред Тутунски комбинат.

Би можело да ве интересира

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС