СДСМ: Трајановски ќе остане запаметен како најголем поддржувач и поттикнувач на загадувањето

Од:

„Коце Трајановски ќе остане запаметен како градоначалник што нанесе најголема штета врз градот Скопје и неговото нормално функционирање.

Целокупното владеење на Трајановски, продолжената рака на Никола Груевски беше на штета на граѓаните и градот и исклучиво за задоволување на криминалните апетити на Груевски.

Трајановски по нарачка на Груевски потроши стотици милиони евра за скапи и промашени проекти кои не го подобрија квалитетот на живот. Денес, речиси никој не се сеќава на градската плажа, на палмите, на врбите во Вардар за кои Трајановски, потроши милиони евра пари на граѓаните. Очигледно е дека овие, како и многу други пропаднати проекти служеа само за задоволување нечии криминални и бизнис интереси.

Дополнително, Трајановски ќе остане запаметен како најголемиот поддржувач и поттикнувач на загадувањето во Скопје. Во двата негови мандата градот загуби илјадници квадратни метри зелен простор за на нив да се гради лажен барок, нефункционални катни гаражи и споменици. Со неделувањето против аерозагадувањето, крадоначалникот Трајановски го загрози здравјето на стотици илјади граѓани.

Трајановски ќе понесе одговорност за расипничкото трошење на народните пари и за загрозувањето на здравјето на граѓаните. На локалните избори граѓаните ќе го казнат неговото неодговорно, коруптивно и расипничко владеење и ќе изберат нова градска власт предводена од СДСМ што ќе работи домаќински, одговорно, отчетно и во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината