Најмалку 900.000 жители на регионот Истапалапа, источно од главниот град на Мексико, се уште немаат пристап до водоснабдување, по земјотресот од 19 септември, соопштија локалните власти.
Земјотресот со интензитет од 7,1 степен според Рихтеровата скаоа предизвика околу 820 оштетувања на водоводната мрежа во Истапалапа и повеќето од нив се уште не се отстранети.
Локалниот претставник Дионе Ангиано изјави дека ситуацијата е критична. Последните неколку дена властите обезбедија цистерни со вода, но се покажа дека тоа не е доволно.
Во Истапалата има околу два милиона жители.
Во земјотресот загинаа 333 лица, а неколку стотици се повредени.