Притвор за осомничениот за убиство на жената пронајдена по пожарот во село Љуботен

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за спроведување на истражна постапка за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство на свиреп начин.

Лицето се сомничи дека е одговорно за пожарот на ливада во с. Љуботен што се случи на 4. август, кога при гасењето на пожарот беше пронајден човечки труп.

По издадените наредби од страна на надлежен јавен обвинител, жртвата е идентификувана. Станува збор за жена за која постојат сомненија дека е лишена од живот на свиреп начин. Согласно Кривичниот законик, за ова кривично дело е предвидена затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Осомниченото лице е приведено и за него од страна на надлежен јавен обвинител е поднесен Предлог за определување на мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Финансиската полиција заплени тутун во Љуботен, градоначалникот ги брани жителите

Кристијан Ландов

На 19 декември пресуда за отштета на семејството на еден од убиените во 2001

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев од Љуботен: Само заедно можеме напред и само сплотени ќе ги решаваме проблемите

Наум Локоски

МВР ги презема сите мерки за пронаоѓање на сторителите кои ги оштетија гробишатата во Љуботен

Наум Локоски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат одговор на кого му пречат православните гробишта во Љуботен

Наум Локоски

Полицијата го расветлува случајот со уништени спомен плочи на гробиштата во Љуботен

Наум Локоски