Павлов: Нова ера со работа, ред и дисциплина

Од:

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Виница го промовираше кандидатот за градоначалник за општината, Мартин Павлов, како и за членови на општинскиот совет.

Обраќајќи им се на присутните кандидатот за градоначалник Мартин Павлов рече дека почнува нова ера за Македонија за заеднички нови вредности, кои ќе се постигнат, како што потенцира, само со работа, ред и дисциплина и нови проекти.

Пред присутните зборуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој истакна дека овие локални избори се многу повеќе од локални, и оти со нив започнува нова ера и нов живот во Македонија.

Минатата година, рече тој, иако граѓаните ја дале довербата на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери на парламентарните избори сепак СДСМ била донесена на власт.

– Сега е моментот да се испрати силна порака дека секој кој оди спроти волјата на народот нема да стигне далеку, порача Груевски.

Рече дека народот треба да го каже своето мислење за, како што рече, дадените, а нереализирани ветувања на власта за повисоки плати, за развој на економијата, за запирањето на проектите во инфраструктурата кои биле започнати од минатата власт, и за како што рече, намерата на власта да започне редефинирање на државата.

Одговорот на сиве овие прашања, истакна тој, народот ќе го даде на 15 октомври кога очекува да ја поддржи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со што, според него, во Македонија ќе започне нова ера на живот.

Би можело да ве интересира

„Марш за ангелите“ во Виница: Каде биле инспекторите – одговорноста за последиците од пожарoт не запира кај сопственикот на објектот

А1он

„Марш за ангелите“ денеска во Виница: За вистината што предолго се турка во сенка!

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт