Богдановиќ: Листата на советници на СДСМ го гарантира успехот во Општина Центар

Од:

„Листата на советници на коалицијата предводена од СДСМ за Општина Центар е гаранција дека најавените проекти од програмата на кандидатот за градоначалник СашаБогдановиќќе се реализираат. Речиси поеднакво се застапени и мажи и жени и млади и стари, проактивни граѓани, професори, стручни лица, а ваквиот состав на членовите на Советот на Општина Центар обезбедува сигурност дека локалната власт ќе се занимава со проблемите на сите категории на граѓани.
На листата се 23-ца кандидати, колку што вкупно брои членови Советот на Општина Центар.

Доказ за нашата определба дека ќе се слуша гласот на жителите е тоа што носител на листата за членови на Советот на Општина Центар е Јана Белчева Андреевска од граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“. Ние како партија ги сослушавме барањата на нашите сограѓани од оваа иницијатива, кои се целосно прифатливи за нас, оти се во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Таа е носител како независен канидат.

На листата се наоѓаат и познати и непознати имиња за јавноста. Од досегашните советници, повторно се кандидирани Марија Бошковска Јанковски, Цветанка Симоновска, Ѓошо Вангелов, Никола Георгиевски и Биљана Чурилова. На листата се и Јон Фрчковски, Оливер Тоновски, Васко Кичевски и други“, се вели во соопштението на СДСМ Центар.

„Добриот тим гарантира успех, а јас ја имам потребната гаранција дека ќе бидам успешен градоначалник во мојот тим од идните членови на Советот на Општината Центар, со кои ќе работиме сите ние заедно. Ние сме одлична екипа, а сакаме да постигнеме организиран, солидарен, пријателски, чист и зелен Центар, односно општина каде животот ќе има нијанси и димензизи“ – изјави Саша Богдановиќ, кандидат за градоначалник на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ