Димитров и Кундерс потпишаа Декларација за партнерство и соработка меѓу Македонија и Холандија

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот холандски колега Берт Кундерс денеска во Хаг потпишаа Декларација за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Кралството Холандија.

Според МНР, потпишувањето на овој документ претставува потврда за цврстата и недвосмислена поддршка на Холандија за реформските активности на македонската Влада и дополнителен поттик за остварувањето на стратешките определби на Република Македонија за отпочнување пристапни преговори со Европската Унија и членство во НАТО.

– За кратко време покажавте големо лидерство во враќањето на Македонија на европскиот пат, изјави Кундерс по самото потпишување на Декларацијата, на што Димитров возвратил „Не’ охрабрува што Холандија, земја што толку високо го поставува владеењето на правото, ја препозна нашата цврста решеност да изградиме вистинска европска демократија во Македонија“, се наведува во соопштението на МНР.

Преку Декларацијата двете земји ќе продолжат со унапредувањето на заемната соработка за промовирање на доброто владеење, владеењето на правото, судството, борбата против корупцијата, основните човекови права, независните медиуми и социјалната кохезија.

Македонија и Холандија ја потврдуваат и заемната заложба за интензивирање на размената на искуства и зајакнување на соработката во одбраната и безбедноста, со цел подигнување на нивото на подготвеноста на Република Македонија за стекнување полноправно членство во НАТО, но и за справување со безбедносните предизвици како што се организираниот криминал, верскиот екстремизам и нелегалната миграција.

– Со денешното потпишување на оваа Декларација и Холандија се вброи во групата докажани европски демократии кои преку политичка изјава или декларација, јасно и недвосмислено ја искажаа својата поддршка за активностите на Владата насочени кон спроведување суштински реформи и враќање на европската и евроатланската перспектива на земјата. Македонија потпиша и/или усвои слични документи со Шведска, Норвешка, Обединетото Кралство, стои во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани