(ВИДЕО) Христоски: Подобрување на состојбата со водоснабдувањето во Крушево, поправка на локални патишта

Од:

„Градиме по план – инфраструктура за сите.

Новата локална власт носи планови и проекти за патишта, улици, канализации, водоводи, градинки, училишта.

Водоснабдувањето во град Крушево е еден од главните проблеми, затоа приоритет на идната локална самоуправа ќе биде реконструкција на постојната водоводна мрежа. Со тоа ќе ги намалиме загубите на вода, ќе обезбедиме финансиска консолидација на ЈП Комуна и редовно водоснабдување за граѓаните.

За да го олесниме образованието на децата ќе ги уредиме пристапните улици до училиштата во селата Алданци, Норово и Саждево.

Ќе ги реконструираме и локалните улици во Крушево: Шула Мина, Питу Гули, Мише Ефтим, Томе Никле и други, како и локалните улици во селата: Светомитрани, Врбоец и Бучин.

Градиме по план – инфраструктура за сите.

Ќе го промениме Крушево, затоа што заслужуваме подобро.

Живот во Крушево за сите“, изјави Томе Христоски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Крушево.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“

Коњаницата „Патот на Црешовото топче“ тргна кон Крушево

И водата во Крушево е неисправна за пиење

Жена е прегазена во Крушево, со тешки повреди пренесена во болница