Сириската Влада е подготвена да преговара со Курдите за автономијата што тие ја бараат во Сирија, изјави сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем.
Тој додаде дека Владата може да разговара за курдското барање, дури откако Исламска држава (ИД) ќе биде поразена.
Групата Сили за заштита на народот на сириските Курди контролира територија во северна Сирија, каде нејзиното политичко крило Партијата на демократската унија и нејзините сојузници, прогласија автономија уште на почетокот на војната во Сирија во 2011 година.
Целта на сириските Курди е да ја зачуваат оваа автономија како дел од децентрализирана Сирија и немаат намера да ги следат Курдите во Ирак кои вчера гласаа на референдум за независност.
Муалем потврди дека Дамаск го отфрла референдумот во Ирачки Курдистан и го поддржува единството на Ирак, истакнувајќи дека сириските Курди „бараат автономија во рамките на Сирија“.