Алексовски: Во оваа кампања тргнуваме со тоа што сме го направиле

Од:

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Арсенчо Алексовски на првиот ден од изборната кампања побара трет мандат од сограѓаните. Синоќа пред кривопаланчани порача дека во оваа кампања тргнува со она што досега е сработено во општината.

– Во изминатиот период во оваа општина под мое раководство беа реалзирани многу проекти, она што било долгогодишни ветувања од претходно, ние го изградивме. Откако знам за себе, водоснабдувањето во високата зона од градот беше проблем, а јас го решив тој проблем, направивме нов пристапен пат до манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, изградивме бројни спортски терени, асфалтиравме многу улици и патишта, во село Конопница асфалтиравме речиси се, така што мислам дека опонентите во кампањава нема ни што да напишат во програмата за да асфалтираат во ова населено место, рече Алексовски.

Истакна дека чест и гордост е да се создава за сопствениот град, а токму тоа е одлика на неговото работење, нагласи, чесноста и искреноста.

– Мислам дека работев чесно и достоинствено за својот град, сметам и дека ја заслужувам вашата поддршка за да продолжиме со исто темпо. Ја сменивме личната карта на општината, тоа го работевме посветено, благодарност до Советот кој ме поддржуваше во подготовката и релизацијата на проектите, кој со вработените во администрацијата ме поддржаа во имплементацијата на сите проекти, поддржани во голем дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додаде Алексовски и побара поддршка од кривопаланчани за, како што нагласи, овој процес да не запре.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања