ОН предупреди дека денеска одржаниот референдум за независност на Ирачки Курдистан може да има дестабилизирачки ефект.
„Генералниот секретар е загрижен од можниот дестабилизирачки ефект од референдумот во Ирачки Курдистан”, се вели во соопштението на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, лиферувано по завршувањето на гласањето.
„Генералниот секретар го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и единството на Ирак и смета дека сите проблеми меѓу федералната влада и регионалната влада на Курдистан треба да бидат решени преку структуриран дијалог и конструктивни компромиси”, се вели во соопштениоето потпишано од портпаролот на ОН Стефан Џужарик.