Курдски генерал: Прво независност, а потоа руско оружје

Од:

Курдските вооружени формации – пешмерги се подготвени да го спречат секој напад врз Ирачки Курдистан, каде денеска се одржува референдум за независност, изјави генералот Сирван Барзани.

– Неспорно е дека пешмергите се наоѓаат во состојба на борбена подготвеност. Претходно успевавме да се избориме со ирачката војска која брои милиони луѓе, која тогаш беше најмоќна во регионот, само со автоматски пушки „калашников“. Секако, подготвени сме да спречиме напади од кого било, истакна курдскиот генерал.

Според него, „соседните држави за 45 години виделе кои се Курдите. На дело им покажавме дека сме нивни најдобри соседи. Не верувам дека ќе дојде до воено мешање, ниту дека ќе се случи некоја слична грешка“.

Тој додаде дека Ирачки Курдистан се надева оти во случај да биде прогласена независност најверојатно војската ќе се модернизира со руско оружје.

– Тоа ќе биде нова држава, министри и воени експерти, но според мое мислење, најверојатно тука ќе има руско оружје, бидејќи за негово користење имаме искуство и пракса. За време на курдските револуции користено е руско оружје, истакна Барзани.

Би можело да ве интересира

Париз ги осуди „неселективните“ напади во ирачки Курдистан

А1он

Половина од Јазидите кои што биле киднапирани од ИД, се уште се во заробеништво или исчезнати

Наум Локоски

ОН бара заштита на курдските цивили во Ирак

Наум Локоски

Багдад ќе испрати армиски сили за преземање на граничните пунктови со ирачки Курдистан

Наум Локоски

Иран забранува транспорт на нафта до и од ирачки Курдистан

Наум Локоски

ОН нуди помош за решавање на проблемите меѓу Ирак и Курдистан

Наум Локоски