(ВИДЕО) Јованоски: Гасификација и планско градење во Прилеп

Од:

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ и коалицијата, Илија Јованоски, заедно со кандидатите за носител на советничката листа и кандидатите за советници на денешната прес-конференција во центарот на Прилеп ги истакна своите заложби за развој на градот. Јованоски на прилепчани им вети гасификација, планска инфраструктура, намалување на цената на водата за 20 насто како и бесплатен градски превоз за пензионерите.

– Мој предизвик, а истовремено и моја обврска е Прилеп да биде достојно место за живеење за сите. Прилепчани даваат масовна поддршка на политиката за живот на Македонија, а на овие избори го враќаме животот и во нашиот град. Ќе градиме инфраструктура со план, одговорно, квалитетно и домаќински: патишта, улици, канализациска мрежа. Со мене како градоначалник на Прилеп, со поддршка на советниците од СДСМ и коалицијата, особено со поддршката на граѓаните, Прилеп ќе биде современа, функционална и достапна општина за сите, рече Јованоски.

Тој истакна дека Прилеп ќе биде гасифицирана општина, а тоа значи намалени трошоци за домаќинствата, за стопанството и почиста животна средина.

– Веднаш ќе ги намалиме сметките за вода за 20 отсто. Освен покачувањето на пензиите за 2.160 денари годишно, воведуваме бесплатен јавен превоз за сите пензионери секој работен ден во периодот од 9 до 11 часот. На младите луѓе ќе им помогнеме да имаат подобри услови за живот и за работа, за да не заминуваат. За децата ќе изградиме две нови градинки каде сите деца ќе бидат згрижени, рече кандидатот за градоначалник на прилеп од СДСМ и коалицијата Илија Јованоски нагласувајќи дека ќе ги посети сите прилепчани и ќе им ја образложи својата програма за развој на градот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници