Зузулова најбрза на слаломот во Земеринг, возбудлив спуст во Бормио кај мажите

Од:

Вероника Зузулова од Словачка победи на денешната слаломска трка што се одржа во Земеринг, Австрија. Таа со одлично второ возење стигна до првото место со време – 1:37.28 минута.

На втората позција се пласира Австријката Катрин Цетел, која заостана 10 стотинки, додека трета заврши водечката по првата трка Тина Мазе од Словенија.

Натпреварувачката од Словенија, Мазе со денешните бодови изби на првото место во пласманот за слалом – вкупно 230, додека во генералниот пласман со 1059 бодови е сигурна на првата позиција.

И мажите денеска имаа свој натпревар. На спуст патеката во Бормио беше возбудливо бидејќи првите четири натпреварувачи беа во временска разлика од 2 стотинки.

Првото место со исто време – 1:58.62 го поделија Ханес Рајхелт од Австрија и Доминик Парис од Италија, лидерот во генералниот пласман Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал со една стотинка заостанување го освои третото место, додека четвртопласираниот Клаус Крел од Австрија зад победниците заостана две стотинки.

Во генералниот пласман Свиндал има 674 бодови, пред Марсел Хиршер од Австрија со 560. Во пласманот за спуст Свинадл е прв со 285 бодови.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска