Димитриевски најави нови проекти за подобар живот во Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник од коалицијата предводена од СДСМ, Максим Димитриевски и советниците од оваа листа, денеска на градскиот плоштад во Куманово, одржаа прес-конференција на која најавија дека во наредниот период пред граѓаните ќе ја презентираат програмата со која настапуваат на локалните избори и ќе побараат поддршка од кумановци.

– Имаме сериозна политичка програма со која ќе настапиме достоинствено, ќе влеземе во секоја врата ќе го посетиме секој дом и домаќинство и ќе ја побараме вашата поддршка. Затоа што сакаме да го промениме ликот на Куманово. Сакаме да изградиме и создадеме модерна и урбана целина во која сите нејзини граѓани ќе живеат сложно и просперитетно, изјави Димитриевски.

Со Планот за живот во општина Куманово, додаде, се предвидени сериозни, нови капитални проекти кои ќе значат директен бенефит за секој граѓанин во општината.

– Она што можевме досега го покажавме, не очекуваат уште голем број на нереализирани проекти кои сакаме да продолжиме заедно со вас, да ги реализираме од вас за вас, истакна Димитриевски.

Најави дека во наредниот период ќе остварат средба со граѓаните, ќе поразговараат со нив во секој дом, во секое семејство и во име на Социјалдемократскиот сојуз ќе го понуди Планот за живот во општина Куманово.

Претходно, кандидатот за градоначалник Димитриевски, имаше средба со стечајците,а попладнево ќе оставри средби со жителите на Агино село и Романовце.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски