Јовановски: Сугарески набавил пијалоци за 24 илјади евра

Од:

„Додека македонски железници немаат ниту за плата, оваа влади институција под надлежност на Министерството за транспорт на Сугарески врши набавка на алкохолни пијалоци над 24 илјади евра.
Внимавајте, 24 илјади евра за алкохолни пијалоци платени со државни пари, во исто време кога на вработените мака мачат да добијат плата.

Нема пари за пензии, за плати во Колска и други загубари, за субвенции, но има пари за алкохолни пијалоци.
Јавноста заслужува одговори од Сугарески и од владата предводена од Заев, зошто има пари за алкохолни пијалоци, а нема за субвенции, пензии, за нови патишта, нови проекти.

Зошто за Сугарески и Заев приоритет се алкохолните пијалоци набавени со државни пари, а не е стопираната изградба на автопатот Кичево-Охрид, експресниот пат Градско-Прилеп, заглавениот автопат кој речиси беше пред ставање на употреба Демир Капија-Смоквица.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се поништи оваа набавка и парите да се пренасочат кон реализација на проекти за граѓаните.

На претстојните локални избори на 15-ти октомври граѓаните ќе го казнат СДС. Граѓаните ќе кажат НЕ на расипникот Зоран Заев, Горан Сугарески. Граѓаните повеќе не сакаат да се трошат нивните пари на луксузирање на поединци од владата на СДС“, изјави Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот