ВИДЕО: Шилегов и Богоев на велосипеди ја почнаа изборната кампања

Од:

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и општина Карпош од СДСМ, Петре Шилегов и Стефан Богоев, денеска на велосипеди од кејот на Вардар симболично ја започнаа изборната кампања.

Богоев рече дека во текот на кампањата планира да го посети секое семејство, секој граѓанин за да ги слушне нивните потреби.

„Планираме да разговараме со секој, да ги кажеме нашите планиви и да ги слушнеме нивните потреби. Она што го планираме за Карпош е од потегот кај скејт паркот, зад Имес, по должина на реката Вардарда да направиме голем парк, да изградиме нова градинка во Влае 2, модерни еко паркинзи, три реонски базени, дом за стари лица на кејот на реката Вардар кај Злокуќани. Планираме чесна кампања и чесен настап со чесни луѓе, ќе водиме позитивна кампања“, рече Богоев.

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Шилегов, рече дека тој и неговиот тим ќе понудат поинаков пристап.

„Ќе понудам една сосема поинаква визија за тоа какво треба да е Скопје, сосема поинаков пристап. Ќе градиме инфраструктура заедно со вас и ќе го направиме сообраќајот во Скопје безбеден, ќе го направиме градот транспарентен, ќе ги враќаме парите на граѓаните. Оттука почитувани граѓани ја бараме вашата доверба за да покажеме дека во Скопје може, треба и мора да се управува на поинаков начин“, рече Шилегов.

Тој рече дека Скопје заслужува да биде модерен, европски град.

Шилегов рече дека проблемот со загадувањето во Скопје е алармантен и никој систематски не работи за негово решавање. Тој најави дека ќе преземе низа интервентни мерки доколку биде избран, од стопирање на градежните активности до бесплатен јавен превоз, со цел намалување на загадувањето.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот