(ВИДЕО) Поцков: Ви нудиме визија и план за европска, модерна и зелена Гевгелија

Од:

„Се приближува 15 октомври- денот на одржување на локалните избори; денот кога секој од нас ќе треба да одлучи во каква општина и во каква држава сака да живее.

Јас, како кандидат за градоначалник и кандидатите за советници од нашата листа ви нудиме визија и план за европска, модерна и зелена Гевгелија. За Гевгелија во која сите ќе живееме подобар и подостоинствен живот.

Драги сограѓани, денес започнува нашата кампања за локалните избори.

Јас, кандидатите за советници и нашите активисти ќе дојдеме во секое маало. Ќе го посетиме секое село. Ќе тропнеме на секоја врата.

Ќе дојдеме да ја претставиме пред вас нашата програма, но ќе дојдеме и за уште еднаш да го чуеме вашиот глас. Ќе ги претставиме нашите проекти, но ќе ги чуеме и вашите маки и вашите проблеми и вашите предлози.

Сакаме да промениме многу работи, да исправиме многу грешки, да ја направиме Општина Гевгелија отворена, транспарентна, просперитетна општина; општина со која ќе се гордееме, во која слободно ќе живееме, создаваме и напредуваме. Денес пружаме рака секому кој сака да живее подобар и подостоинствен живот, без разлика на партиската определба.

Секому му стоиме на располагање и безрезервно ви ги нудиме нашите капацитети и силната определба за да ја оствариме визијата за живот за сите во Гевгелија“, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Гвегелија од редовите на СДСМ – Сашо Поцков.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага