(ВИДЕО) Бошњаковски: Владата на Груевски за владини кампањи од 2008. до 2015. година потрошила 38 милиони евра

Од:

Минатата владата предводена од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за владини кампањи како „Имај трето дете“, „Истражи ја Македонија“, „Против абортус“ во периодот од 2008. до 2015. година потрошила вкупно 38 милиони евра, пари од Буџетот на Република Македонија, односно пари на граѓаните, информираше портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Како што кажа тој во оваа сума не се вклучени годините 2006, 2007 и 2016 бидејќи не успеале да најдат документација за нив.

Владините кампањи финансирани од поранешната влада оделе селективно на неколку телевизии со национална концесија за кои портпаролот Бошњаковски не сакаше да ги открие имињата. Најголем дел од парите од буџетот на РМ добила телевизија под шифра „11“ и тоа 7 милиони евра. Исто така, телевизија со национална концесија која е основана во 2012. година и која се води под шифра „33“ по само две години од нејзиното стартување од државата добила пола милион евра, наспроти други телевизии со национална концесија кои добивале само по 20 илјади евра.

Ваквиот тренд продолжил и со регионалните телевизии, каде по промена на раководството, телевизиите почнале да добиваат значителни договори со суми од по 15 илјади евра, а претходно добивале само по 100 евра од владата.

Порпаролот Бошњаковски исто така информираше дека 15 милиони евра од Буџетот на РМ биле дадени на неколку маркетинг агенции блиски до тогашната влада, а исто така биле дадени и 200 илјади евра за истражување на јавното мислење.

Електронските медиуми од владините кампањи добивале најмногу, односно во периодот од 2008. до 2015. година, одредени електронски медиуми добиле вкупно 23 милиони евра од Буџетот.

Портпаролот Бошњаковски потенцираше дека треба да се обрне внимание на денот 24. декември 2008. година, кога од Буџетот на Република Македонија биле исплатени 2 милиони и 125 илјади евра на неколку национални телевизии.

Се уште не е одлучено дали ќе се поведе судска постапка за овие дејствија против членови на поранешната влада.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Во вторник во Собрание ќе биде доставен составот на новата влада

Течат роковите за формирање на новата влада која ќе има 20 министерства

Мицкоски мандатар за состав на влада

Мицкоски го добива мандатот, ќе формира влада во нов формат

Новата влада е договорена, Мицкоски утре ќе го добие мандатот

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он