ВМРО-ДПМНЕ: Бочварски има желба неговиот градежно фамилијарен клан да завладее со бизнисите во Штип

Од:

Марија Којзеклиска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ го потценува Штип и штипјани кандидирајќи човек кој бил претставник на црвената буржоазија и оставштина од криминалната транзиција.

– Благој Бочварски има желба неговиот градежно фамилијарен клан да завладее со бизнисите во Штип и општината да ја претвори во приватна тезга. Едноставно општината сакаат да ја претворат во свој приватен бизнис како што се приграби и фирмата „Пелагонија Штип“ со која управува семејството Бочварски. Синот Благој се кандидира за градоначалник на Штип, таткото Венцо градежен инспектор во истата општина, а семејството Бочварски управува со компанијата „Пелагонија Штип“. Одлична шема за добивање на сомнителни бизниси. Тоа е и целта на кандидирањето за градоначалник, рече Којзеклиска.

Таа рече дека ако на ова се додаде фактот дека неговиот зет за сестра, Емануел Шекеринов е познат во штипската јавност како братучед на Радмила Шекеринска, дополнително се добива слика дека метастазите на градежната мафија го надминуваат локалното, и се шират дури до централно државно ниво.

– Бочварски не запираат! Тие сакаат да ја приватизираат општината. Желбата не е да се помогне на граѓаните на Штип туку да се водат приватни бизнис интереси на семејството Бочварски. Штипјани тоа нема да го дозволат. Штип заслужува подобро. На 15-ти октомври Штипјани ќе се одлучат за напредок, за работа и за нови проекти, заврши Којзеклиска.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците