Средба на Заев со заменик премиерот на Виетнам Фан Бин Мин: Создадени можности за продлабочување на економската соработка

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров се сретна со Фам Бин Мин, заменик премиерот на Социјалистичка Република Виетнам.

На средбата се потврдени традиционално добрите и стабилни политички односи меѓу двете земји и оценето е дека постои можност за нивно натамошно унапредување.

Договорено е соработката да биде продлабочена на економски план, со вклучување на бизнис заедниците на двете земји. Констатирано е дека СР Виетнам со своите 90 милиони жители е атрактивен нов потенцијален пазар за извоз на Македонија, а Република Македонија со својата географска позиција, блискоста до ЕУ и отворените перспективи на членство во ЕУ е атрактивна дестинација за странски инвестиции од Виетнам.

-Иднината на Република Македонија е во ЕУ и НАТО, но заинтересирани сме да соработуваме со сите земји и да градиме партнерства со државите пријатели на Македонија, за да го унапредиме нашиот економски развој и да отвориме нови работни места за граѓаните на Република Македонија, рече премиерот Заев.

„Република Македонија е интересна земја за СР Виетнам. Сакаме да ја зголемиме економската соработка, како и да ги развиеме односите меѓу двете држави, рече заменик премиерот на Виетнам, Фан Бин Мин.

Заменик премиерот на Виетнам, Фан Бин Мин најави можност за понуда на стипендии за образование за студенти од Македонија.

На средбата беа искажани покани за обострани посети на делегации на двете земји, на највисоко политичко ниво, или министерски посети, со цел да се унапредат економската соработка, трговската размена и областите од важност за подобрување на животот на граѓаните на двете држави.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот