Двајца починати во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Од:

Сообраќајна незгода се случила вчера на регионалниот пат Градско-Прилеп помеѓу патничко возило „Ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Д.Ј. (52) од Кавадарци и товарно моторно возило „Даф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Б. (35) од село Ваташа, кавадаречко.

Во незгодата возачот на патничкото возило Д.Ј. и сопатникот од истото Д.Ч. (56) од село Манастирец, Росоман, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Градската болница во Прилеп, каде што им подлегнале на повредите.

Увид на лице место извршиле екипа од ПС-Прилеп и јавен обвинител по чија наредба телата на починатите биле дадени на обдукција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница