Н.П. (45) од Охрид синоќа пријавил дека во викенд куќа лоцирана во авто-камп „Андон Дуков“ во Охрид починал неговиот сосед Љ.Д. (69) од Скопје.
Екипа на итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а увид на лице место извршиле и екипа од СВР-Охрид и јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.