Почна асфалтирањето на неколку улици во Македонска Каменица

Од:

Во Македонска Каменица почна асфалтирањето на неколку улици и изградба на локални патишта во селата Моштица и Дулица.

Градоначалникот Дарко Митевски кој денеска изврши увид на почетокот на асфалтирањето на улицата „8 Септември“, истакна дека претходно на оваа делница целосно е завршена атмосферската канализација и е поставена воводната мрежа.

– Целосно ќе се обнови асфалтниот слој и ќе се постават нови рабници. Со тоа ќе биде ставена целосно во функција и новоизградената атмосферската канализација по што ќе следува асфалтирање на новата улица изградена кај детското игралиште каде што ќе бидат изградени и два паркинг простора, истакна Митевски.

Тој додаде дека продолжение на овие проекти ќе биде изградбата на нови локални патишта во руралните средини, во селата Моштица 1 и во Дулица, каде ќе се асфалтира патот кој ги поврзува маалата Цоцевци и Доганско маало. Вредноста на проектите е 20 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општината.

Би можело да ве интересира

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски