Во Штип одбележан Светскиот ден без автомобили

Од:

Општина Штип заедно со основните училишта го одбележа Светскиот ден без автомобили. Учениците со велоиспеди на патекатата покрај реката Брегалница им покажаа на возрасните дека треба да ги остават возилата паркирани.

Градоначалникот Илчо Захариев кој присуствуваше на велосипедското дефиле истакна дека пешачењето и возењете велосипед е во корист и на физичкото и на психичкото здравје.

– Во Европа се обрнува поголемо внимание на овој ден, можеби во некои градови и нема автомобили. Јакнењето на културата луѓето да одат малку пеш или да возат велосипеди е добро заради дишење чист воздух, бидејќи секако автомобилите го загадуваат воздухот. Но, истовремено е добро и заради нашето физичко и умствено здравје, рече Захариев.

Велосипедското дефиле го организира Општина Штип со поддршка на Министерството за животна средина.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он