Енерџи Деливери Солушнс, ЕДС ДОО Скопје преку соопштение до медиумите информира дека ниту ја иницирале постапката за блокирање на сметките на ФЕНИ Индустри, ниту, пак, имаат желба да се затвори компанијата.
– ЕДС ДОО Скопје ниту ја иницирала постапката за блокирање на сметките на ФЕНИ Индустри АД ниту пак има желба ФЕНИ Индустри АД Кавадарци да се затвори. Напротив, ЕДС ДОО Скопје како и досега, а така и понатаму својата иднина на македонскиот пазар ја гледа во соработка со успешни и просперитетни компании во кои несомнено ја вклучуваме и ФЕНИ Индустри АД Кавадарци, се вели во соопштението од ЕДС.
Се потенцира дека ЕДС ДОО Скопје е компанија која своето работење го темели на професионалност, етичност и чесност кон сите свои партнери и клиенти.
– Од тие причини како и поради почитување на начелото на доверливост на информации нема да навлегуваме во коментирањето на невистините и обидот за вмешување на компанијата во дневно политичките преписки низ одредени медиуми. Сакаме да порачаме дека доколку и понатака се продолжи со изнесување невистини од страна на одредени медиуми и политички партии со кои ќе се наруши угледот и честа на ЕДС ДОО Скопје ќе бидеме принудени да преземеме соодветни правни постапки против нив, се потенцира во соопштението од ЕДС.