ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев свесно ја прекинаа изградбата на клиничкиот центар

Од:

„СДС за три и пол месеци откако е на власт нема направено буквално ништо во македонскиот здравствен систем, од кое граѓаните би имале некаква корист.

СДС и Зоран Заев свесно ја прекинаа изградбата на клиничкиот центар, еден од поголемите капитални проекти во здравството, за кои ВМРО-ДПМНЕ обезбеди средства од Европската централна банка.

Се беше подготвено само да се почне да се гради, беше изработен проект, беа обезбедени средства. Но, СДС и Зоран Заев го попречија и го блокираа и овој проект нанесувајќи огромна штета на граѓаните.
Недозволиво и неодговорно е да се оспорува еден готов проект кој чини 70 милиони евра, за да најави нов за чија реализација ќе треба да се чека најмалку десет години.

Ова е уште еден доказ дека владата на СДС и Заев не работи буквално ништо. За три и пол месеци граѓаните од владата на Заев и СДС не видоа ниту еден единствен реален проект за подобрување и подигнување на квалитетот и стандардот во македонското здравство, освен креирање на лудило, хаос и безредие.

Граѓаните на локалните избори на 15-ти октомври ќе го казнат Зоран Заев и неговото расипничко владеење. Граѓаните никогаш повеќе нема да дозволат да им се случи Заев и СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ