ЦИВИЛ: Глобална кампања против ограничувањата на фундаменталните права

Од:

Овој викенд, десетици илјади луѓе ќе се соберат на стотици настани во речиси 80 земји, како дел од една нова глобална кампања да им се даде глас на сите, насекаде.

Од младински самити до неформални вечери, од јавни мобилизации до приватни состаноци, од национални дијалози до музички фестивали, ПРОГОВОРИ! претставува глобална кампања за јакнење на гласот на обичните луѓе кои проговоруваат против репресијата на основните слободи.

Како дел од ова глобална кампања, ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе биде домаќин на панел – дискусијата „Враќање на слободата“ во Клуб на новинари, Скопје, на 22 септември, петок, со почеток во 13 часот.

„Оваа глобална акција целосно се совпаѓа со долгогодишната борба на ЦИВИЛ за слобода на изразувањето, не само во медиумите, туку и во уметноста, образованието, јавниот простор, насекаде… Воздржувањето од слободно говорење и изразување на мислите, идеите, ставовите и определбите овозможува кршење на човековите права и слободи во сите сфери на општеството и државата. Молкот ја убива слободата! Затоа, мораме да си ја вратиме слободата!“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, кој овие денови ја претставува организацијата и на конференцијата Денови на граѓанското општество во Стокхолм.

„Активностите кои ги организира ЦИВИЛ во соработка со познати уметнички имиња и со млади активистки и активисти, ќе овозможи тематски простор за изразување на граѓанките и граѓаните на различни начини, преку учество на панел дискусија, цртање, пишување, онлајн активизам или, едноставно, со танцување… Важно е да се истакне дека ние ќе ја одржуваме дискусијата на овие теми жива и по завршувањето на оваа глобална иницијатива.“ – објаснува Дерала.

Панел – дискусијата на тема „Враќање на слободата“ ќе овозможи четворица интелектуалци и активисти да зборуваат за нивното разбирање на Граѓанската повелба и начините за враќање на човековите права и слободи во општеството. Присутните се повикани да учествуваат во дискусијата со свои мислења и ставови.

Манифестацијата Враќање на слободата! (ReClaming Freedom) ЦИВИЛ ја продолжува и за време на викендот, кога ќе се одржат уметнички работилници во Градски парк, на 23 и 24 септември (сабота и недела), со почеток во 16 часот. Мултимедијалниот уметник Мирослав Стојановиќ, член и активист на ЦИВИЛ ќе овозможи простор за граѓанките и граѓаните, на креативен начин, да споделат пораки за слободата на изразување и човековите права. Со бои и зборови, посетителите ќе можат да ги нацртаат или да ги напишат своите визуелни или текстуални пораки и да проговорат гласно или во тишина за своите права и слободи. Кликнете тука за целосна листа на сите настани што се планирани низ светот.

Деновите на дејствување се совпаѓаат со еден критичен момент, кога и светските лидери се среќаваат во Њујорк по повод одбележувањето 2-годишнината од Глобалните цели (SDGs). Ваквите колективни акции ќе испратат јасна порака: гласот на обичните граѓанки и граѓани е моќен и суштински во обезбедувањето на праведна и одржлива иднина за сите – сега е време владите да слушаат и да дејствуваат!

Доколку сте на Твитер, можете да се приклучите на разговорот и да пребарувате постови со користење на хаштагот #TogetherWeSpeak.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски