Фени Индустри e во функција, сметката на Комбинатот e блокирана од деловна банка

Од:

Во однос на неодамнешните шпекулации кои се однесуваат на Фени Индустри А.Д., Кавадарци, сакаме да ги дадеме следните информации, известуваат од компанијата.

„Компанијата се соочува со проблеми од 2015 година поради ниската цена на никелот на светско ниво која веќе неколку години е во континуиран пад. Ситуацијата дополнително беше отежната со блокада на нашата сметка од страна на банка, и покрај претходните договори и вложување на големи напори во преговори за изнаоѓање најдобро и најоптимално решение за ситуацијата.

Поради блокадата на сметката сега имаме проблеми со дневните плаќања и кон други доверители, добавувачи, банки и компаниите кои не снабдуваат со руда, што доведе и до тоа некои од нив да покренат извршни постапки со кои единствено се оневозможува опремата да се продава, но истата е во функција, а со тоа и Комбинатот, односно производните линии се во функција.

Напоменуваме дека досега платите на сите вработени се исплаќаа редовно и сметаме дека работењето на компанијата и егзистенцијата на вработените се уште не се доведени во прашање. Работиме напорно и се надеваме дека брзо ќе се реши ситуацијата, односно дека банките и компаниите ќе ни излезат во пресрет, за да можеме да ја санираме состојбата и да го одржиме Комбинатот во функција“ се вели во соопштението на Фени.

Претходно вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев изјави дека Владата е посветена и интензивно разговара и со сопственичката структура на „Фени“ и со менаџерскиот тим на „Фени“ за да изнајде решение како овој проблем да биде разрешен.

– Вистина е дека „Фени“ има финансиски тешкотии, компанијата беше блокрана на Силк роуд банката и од други банка. Следна блокада дојде од добавувачот на руда од Албанија. Фени е голем индустриски каацитет и Владата ќе направи сè за „Фени“ да продолжи да работи – рече вицепремиерот и истакна дека „Фени“ е голем и значаен индустриски капацитет.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он