Таравари: Демиров има психо-органски проблем и бегаше од торакална хирургија

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека Муарем Демиров, случајот за кој денеска реагираше Хелсиншкиот комитет, е несоодветно сместен во ЈЗУ „Психијатриска болница“ Бардовци и не му е извршена потребната операција, има одредени психо-органски проблеми и оти неколкупати бегал од Клиниката за торако-васкуларна хирургија каде требало да му биде извршена интервецијата.

– Пациентот не седеше таму, беше видно вознемирен, уште тогаш консултиравме психијатар. Сега за жал тој заврши во Бардовци, меѓутоа дека пациентот има психички проблеми тоа е сигурно. Дали е за Бардовци не можам со сигурност да кажам, можам денеска уште еднаш да се распрашам и во сабота ви одговорам точно за што се работи. Знам дека кога го хоспитализиравме во тараковаскуларна тој неколку пати бегаше, рече Таравари одговарајќи на новинарски прашања при учеството на активностите за одбележување на Светскиот ден на Алцхајмерова болест.

Тој додаде дека таму требало да се интервенира и третира, но, оти имало проблем тоа да се направи.

– Најодговорно ви тврдам дека јас сум го видел пациентот, сум го посетил, има психо-органски синдром што е психијатриска дијагноза, гарантирам и тврдам. Во текот на денешниов ден ќе се распрашам, меѓутоа дека имаше синдром тоа најдоговорно го тврдам, рече Таравари и најави дека уште денеска ќе се преземат соодветни чекори и активности да се третира онака како што треба.

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции